Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи за градежна фирма од Струга на автопатот во изградба Охрид-Кичево, односно при утовар-истовар на бетонски цевки, паднала една цевка и го повредила. Увид на местото извршиле екипа од СВР Охрид и трудов инспектор.
Истиот ден во ОВР Виница е пријавено дека при извршување работни задачи во фабрика во Виница, од висина паднал В.М.(42) од Виница и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кочани, а потоа бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. За настанот е запознаен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница и од ОВР Кочани.
Во СВР Куманово, исто на 28 април е пријавено дека во каменолом на ул.„Народна револуција“ со тешки телесни повреди се здобил В.П.(57) од Куманово. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи во каменоломот, констатирани во болницата во Куманово. Увид извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот






