петок, 14 ноември 2025

Тетовец возел полн автомобил со тутун и цигари без документација

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.З. (65) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело избегнување на плаќање акциза.

Објавено на

часот

Сподели

На 21.08.2025 на ул. „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило фолксваген голф, управувано од пријавениот, при што биле пронајдени и одземени13 пакувања со вкупно 950 парчиња филтри, 17 кеси со по 500 грама тутун,12 кутии со по 500 грама тутун, 1.278 кутии со по 20 цигари, 21 машинка за правење цигари од тутун и 10 СИМ-картички.

За наведената стока пријавениот не приложил соодветна документација за платена акциза, ниту документи за потекло.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ