четврток, 15 јануари 2026

Тепачка пред училиште во Сарај, едно дете со тешки повреди (ВИДЕО)

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 12:00 часот, пред Основно училиште „Дитурија“ во Сарај, скопско, од страна на шест ученици физички биле нападнати двајца ученици од 9-то одделение.

Објавено на

часот

Сподели

Настанот бил објавен и на социјалните мрежи, а Министерството за внатрешни работи веднаш презело мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Од МВР во соопштението посочуваат дека со родителите на нападнатите малолетници бил извршен службен разговор, а исто така денес бил извршен разговор и со оштетените малолетници. Кај едно од лицата од страна на лекар се констатирани тешки телесни повреди додека кај другиот малолетник се констатирани телесни повреди. Идентификувани се учениците кои го извршиле нападот и истите се на возраст од 13 до 15 години. Во текот на денешниот ден сите шест лица се повикани во полициска станица.

За настанот е известен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело насилство по член 386 од КЗ на РСМ, информираат од МВР.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ