петок, 22 мај 2026

Со алко-тест откриени 66 возачи кои пиеле пред да седнат да возат

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на ноќните часови во периодот  од 20 часот до 01 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола низ земјата  за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што санкционирани се 66 возачи.

„Тие се веднаш исклучени од сообраќај. Најголем број на возачи кои управувале возило под дејство на алкохол имало во Скопје-22, во Битола-11, Тетово – 7, Штип-6… Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи“, информира МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ