петок, 22 мај 2026

Шест лица приведени во кафеана во Жеровјане, пронајдено е и оружје, безбол палки и ножеви

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира МВР, во објектот биле пронајдени четири безбол палки, а во близина на објектот биле пронајдени две парчиња огнено оружје „шкорпион аграм 2000“, со рамка со два куршуми калибар 9мм и револвер со муниција.
Сопственикот на објектот А.А. е лишен од слобода, а приведена е Е.З.(27) од Босна и Херцеговина поради злоупотреба на туристичкиот престој, како и Б.А.(24) од скопски Сарај и Т.И.(21) од гостиварска Долна Бањица, кај кои биле пронајдени ножеви, додека А.Х.(23) од Германија и Џ.Л.(39) од тетовско Горно Палчиште немале документи за идентификација.
По целосно документирање на случајот, против сопственикот на објектот и другите приведени ќе следуваат законски предвидените поднесоци.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ