„Според првичните информации денеска околу 16.40 пријавено е дека на паркингот на ОУ ‘Живко Брајковски’ на улица „Хо Ши Мин”, каде претходно било паркирано патничко возило ‘рено’ со скопски регистерски таблички, во кое биле лицата М.А. и А.У.(34), по кажување на М.А., од страна на М.Б. било пукано кон возилото.
Со повреди на десната нога се здобил М.А., а лекарска помош му е укажана во ГОБ Св.Наум Охридски. Исто така, А.У. се здобил со повреди – исеченици по лицето“, наведуваат од МВР.
Како што дополнуваат од МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот






