сабота, 23 мај 2026

Приведен жител на Дебар, осомничен дека предизвикал пожар

Објавено на

часот

Сподели

МВР информира дека вчера околу 18.30 часот, во Одделение за внатрешни работи Дебар бил приведен Б.М.(60) од Дебар, кој претходно, од патрола составена од полициски службеници, во содејство со Противпожарна единица и припадници на Шумската полиција од Дебар, бил затекнат кај опожарена нива во атарот на дебарското село Бомово.

Патролата веднаш пристапила кон гаснење на пожарот, со кој биле зафатени дабови и багремови дрвја, како и ниско стеблеста вегетација.

„Во координација со јавен обвинител, Б.М. е задржан во полициската станица и против него ќе биде поднесена пријава во врска со членот 227 за предизвикување шумски пожар од Кривичниот законик“, известуваат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ