Деновиве треба да биде објавена пресудата, а во моментов активни се обидите на обвинетиот Р.Ш. (31) од село Грашница-Кичево да му се врати пасошот. Ова, пред донесување на преуда, според адвокатите со кои се консултиравме, не е дозволено.
Освен тоа, сметаат дека и наодите од вештаците се сосема непрофесионални затоа што се обидуваат да ги прикријат основните податоци – обвинетиот, во декември 2019 година, со своето возило „форд фокус“ возел над дозволената брзина, претркувал колона и покрај сигнализацијата поставен на патот затоа што полицијата вршела увид за друга помала сообраќајка, Р.Ш. ги урнал сите хоризонтално поставени предупредувачки знаци и директно удрил во двајца полицајци.
Роднините велат дека животот не може да се врати, но дека се револтирани поради обидите, со жалба пред Апелацискиот суд во Гостивар, на обвинетиот, откако бил пуштен од притвор, да му се укинат мерките на претпазливост и да му биде вратен пасошот, што отвора можност за бегство.
А.Д.






