понеделник, 25 мај 2026

Пет мажи и една жена со секири и ножеви влегле во куќа, демолирале сѐ пред себе и повредиле неколку лица

Објавено на

часот

Сподели

„Постои основано сомнение дека лицата на возраст од 19 до 42 години, на 12 ноември, влегле во куќата на едно оштетено лице на улицата ‘Морава’ и во група извршиле грубо насилство. Со употреба на секири, ножеви, рачки од секири и други тврди предмети започнале да ја демолираат куќата, а на едно од присутните лица во домот му нанеле убодна рана со нож. Физички ги нападнале и другите присутни во домот, со тупаници, клоци и тврди предмети, нанесувајќи им телесни повреди и предизвикувајќи чувство на несигурност и страв.
За сите осомничени јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлози за определување мерка притвор“, се вели во соопштението на обвинителството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ