„Околу 150 грама хероин, повеќе пакувања подготвени за продажба, се пронајдени при претрес во Кавадарци, информираат од Министерството за внатрешни работи.
По претходни оперативни сознанија и судска наредба, полициски службеници од ОВР Кавадарци извршиле претрес во дом кај М.А. и В.М. во Кавадарци, при што се пронајдени околу 150 грама хероин, повеќе пакувања подготвени за продажба, соопшти МВР.
„Одземено е возило ‘алфа 159’, како и парчни средства за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога. В.М. е лишена од слобода и се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок до надлежното обвинителство“, се вели во соопштението..






