Според информациите од МВР, на 09.06.2026 година во 11:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на В.Ѓ. (57) ѝ се слошило додека била на своето работно место во училиштето.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, при што не биле забележани видливи траги на насилство. По насоки на јавен обвинител, телото на починатата е предадено за обдукција, по што ќе бидат познати причините за смртта.






