сабота, 23 мај 2026

МВР: Приведени криминалци, расчистена тешка кражба во Чаир

Објавено на

часот

Сподели

Од МВР информираат дека на 29 јули годинава, околу 01.45 часот, полициски службеници од полициската станица Чаир ги затекнале 25-годишните А.М. и Б.Р., и двајцата од Скопје, непосредно по извршување на кривичното дело „тешка кражба” во менувачница во трговски центар на подрачјето на Чаир и при обидот да бидат фатени, Б.Р. физички нападнал полициски службеник.

Од МВР велат дека СВР Скопје – Единица за внатрешни работи, Одделение за криминалистички работи Чаир расчисти „тешка кражба” и против двете лица ќе поднесе кривична пријава за извршено кривично дело „Тешка кражба”, а против Б.Р. и за делото „Напад на службено лице при вршење на работи од безбедноста”.

По преземени мерки и активности на 30 јули, А.М. и Б.Р. биле приведени во полициска станица и при извршен службен разговор со нив, тие во целост го појасниле начинот на извршување на кривичните дела, информираат од полицијата. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ