вторник, 28 април 2026

Кривична пријава за тројца измамници кои на битолчанка ѝ земале пари и златен накит

СВР Битола поднела кривична пријава против три лица кои земале пари и златен накит од битолчанка за наводна операција на нејзината ќерка.

Објавено на

часот

Сподели

„Полициски службеници од СВР Битола и Одделот за криминалистичка полиција ги лишија од слобода Е.Ј.(46) од Скопје, Д.Т.(48) од Свети Николе и А.Т. (45) од Дојран и против нив поднесоа кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘измама’ “ , соопшти Министерството за внатрешни работи.
На 9 март, годинава , како што посочуваат од МВР, пријавените со уште едно лице, со лажно прикажување на факти довеле во заблуда жена од Битола дека нејзината ќерка ја скршила ногата и требало да се направи итна операција и ѝ побарале пари, по што таа од нејзиниот дом зела околу 150.000 илјади денари, 150 евра, 1.300 австралиски долари и златен накит и ги предала на пријавените.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ