понеделник, 25 мај 2026

Краделе по куќи, деловни објекти и гаражи, уапсени четири лица од Куманово

Објавено на

часот

Сподели

„Утрово во 06: 00 часот, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово, ги лишиле од слобода дваесет и деветгодишниот М.З. (29) и четириесет и седумгодишниот Р.Е.поради постоење основи на сомнение дека во три наврати, на 19- ти февруари, 9 и 19-ти април годинава, со употреба на сила влегле во две куќи и еден деловен објект и одзеле разни предмети“, соопштија од СВР Куманово.

Исто така, утрово во 06:50 часот, кумановската полиција врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово, ги лишиле од слобода Ч.М.(19) и Е.С.(20), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека на 3-ти февруари годинава, со употреба на сила од гаража на Ф.Н. на улица „Пелинска” одзеле повеќе разни предмети.

Четворицата уапсени биле спроведени во Основен суд Куманово за понатамошна постапка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ