„Санкционирани се 327 возачи кои возеле над дозволеното, а 107 возеле под дејство на алкохол“, соопшти портпаролот на МВР, Тони Ангеловски на денешната прес-конференција во Охрид.
МВР информира дека засилените акциски контроли продолжуваат и во текот на наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила за побезбеден сообраќај.






