„Гасењето на огнот беше во специфични услови, со оглед што се работи за лесно запалив материјал. Со брза интервенција успеавме да го локализираме и да ја отстраниме сериозната закана да се прошири и на околните објекти. За среќа, освен материјалната штета, нема повредени вработени во фабриката, ниту пак припадници на нашата противпожарна единица“, истакна Драган Апостолов, командир на ТППЕ – Кочани.
Увид на местото на пожарот прават полициски службеници од ОВР – Кочани, кои треба да ги утврдат причините за избувнување на огнот.
Пожарот во фабриката за стиропор во Кочани е втора поголема огнена стихија за само два дена, откако во вторникот во кругот на транспортна компанија во населбата Оризари изгореа три автобуси и едно патничко комбе.