петок, 16 јануари 2026

Инспектори и полиција го „тресеа“ Куманово, фатени деца по полноќ во ноќни клубови

Полициски службеници од СВР Куманово, во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд, ноќеска извршиле контрола во четири угостителски објекти на подрачјето на Куманово.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

При контролата, како што соопшти МВР, биле легитимирани вкупно 74 лица, а во два угостителски објекти биле затекнати малолетници по 24:00 часот.

„Во еден од нив од слобода е лишена С.В.(45), која го изнајмила простортот, затоа што се затекнати 14 малолетници, од кои еден бил под дејстов на алкохол и е пренесен во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје. Исто така, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд изрекоа глоби на објектите поради сторени прекршоци по Законот за угостителство“, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против одговорните лица ќе биде поднесена соодветна пријава

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ