При преглед во патничко возило „опел астра”, сопственост на А.К., во кое бил и А.Ј., биле пронајдени и одземени хероин и таблети.
Од МВР денеска соопштија дека тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.






