Како што информира МВР, во ОВР Свети Николе било пријавено дека на крстосница од локалниот пат за с.Горобинци, светиниколско, патничко возило „ауди“, управувано од В.С.(37) од Свети Николе, излетало од патот. Во несреќата возачот и сопатничката С.А.(21) од Свети Николе се здобиле со повреди и починале на местото на настанот. Сопатникот Д.Ј.(28) се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Јавна здравствена установа Свети Николе.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Свети Николе.






