петок, 22 мај 2026

Детали за вчерашната сообраќајка: двајцата возачи починале на лице место

Објавено на

часот

Сподели

Вчера во 14:10 часот било пријавено дека на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на населбата „Три чешми”, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „тојота корола”, со битолски регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот А.И. од Битола и патничко возило „хонда ЦВ”, со велешки регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот А.М. од Велес.

Од екипа на Итна медицинска помош кај двајцата возачи била констатирана смрт на местото на незгодата.

Во незгодата со повреди се здобил и сопатникот од возилото „тојота корола”, Б.К.(30) од Кочани, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип и Јавен обвинител, по чија наредба телата на почнатите биле дадени на обдукција. Во периодот од 14.45 до 20.00 часот сообраќајот бил пренасочен по магистралниот пат Штип-Кочани”, соопшти полицијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ