понеделник, 25 мај 2026

Автомобилски трки низ патиштата – 15 возачи возеле со над 70 километри побрзо од дозволената брзина

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција им напиша казни на 566 возачи кои возеле побрзо од дозволената брзина.

Од нив 75 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 15 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 284 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 282 надвор од населено место, информира Министерството за внатрешни работи.

Казни за брзо возење им се напишани на 67 возачи во Скопје кои не ја прилагодиле брзината според сообраќајните знаци.

Во Скопје се казнети и 13 лица кои возеле без возачка дозвола, пет затоа што управувале неисправни и нерегистрирани возила, а четири возачи се казнети затоа што зборувале на мобилен телефон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ