сабота, 9 мај 2026

Автобус со ученици од екскурзија сопрен на автопатот Велес-Скопје, пратен на вонреден технички преглед

Автобус кој превезувал ученици од екскурзија бил одземен и испратен на вонреден технички преглед откако во полиција било пријавено дека повеќепати се расипувал за време на патувањето.

Објавено на

часот

Сподели

Од МВР информираат дека на 8 мај во 22:50 часот, на наплатната станица „Отовица“ на автопатот Велес-Скопје, полициски службеници од СВР Велес сопреле автобус сeтра со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, управуван од А.Ѓ.(43) од Скопје.

Претходно, во СВР Велес била поднесена пријава од граѓанин чие малолетно дете се наоѓало во автобусот, дека возилото неколкупати останувало во дефект по пат.

Автобусот бил одземен и пренесен во станица за технички преглед за да се утврди неговата техничка исправност.

Учениците и останатите патници биле безбедно пренесени до крајната дестинација со друг автобус. По комплетирање на случајот и завршување на вонредниот технички преглед ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ