сабота, 9 мај 2026

Сан Антонио направи „брејк“ во Минесота, Филаделфија е на чекор до елиминација од Њујорк (ВИДЕО)

Сан Антонио поведе во серијата со Минесота, додека Њујорк е на чекор до конференциско финале во НБА лигата.

Објавено на

часот

Сподели

Сан Антонио Спарс направи брејк против Минесота и со победата од 115-108 стигна до пресврт во серијата од плејофот во НБА лигата. Главна фигура кај Спарси беше Виктор Вембањама, кој доминираше со 39 поени и 15 скока, додека кај Минесота најрасположен беше Ентони Едвардс со 32 поени и 14 скока.

Важна гостинска победа оствари и Њујорк Никс, кој ја совлада Филаделфија со 94-108 и се доближи на чекор до конференциското финале. Џејлен Брансон беше лидер на Никси со 33 поени, а одлична поддршка доби од Микал Бриџс, кој уфрли 23. Кај Филаделфија најпрецизен беше Убри со 22 поени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ