Во центарот на вниманието се најде Винисиус Жуниор, за кого дел од соиграчите наводно веруваат дека му пренесува информации на тренерскиот штаб за случувањата во тимот.
Според „Мундо Депортиво“, ваквата недоверба создала дополнителни тензии во соблекувалната по лошите резултати и турбулентната сезона на Реал. Ова е само еден од проблемите со кои се соочува „кралскиот“ клуб во последно време.
Ситуацијата кулминирала и на еден тренинг, кога дошло до конфликт меѓу Федерико Валверде и Орелиен Чуамени.






