Лидерот Вардар со 74 бодови на своето конто попладнево на Арената го пречекува Силекс и во рацете ја има првата меч топка за освојување на шампионската титула.
Доколку „црвено – црните“ победат, а второпласираната Шкендија на домашен не слави во дуелот против Струга Трим Лум во натпревар што се игра во истиот термин од 16:00 часот тогаш Вардар ќе го подигне пехарот и ќе стане нов првак на Македонија.
Дури и да не победи, Вардар, односно да одигра нерешено, а Струга ТЛ ја победи Шкендија, и во тој случај Вардар е најдобриот сезонава. Сепак, „математиките“ не се во главите на избраниците на Гоце Седлоски, напротив. Се е во насока на одигрување на уште еден добар меч во серија и освојување на трите бода. Па дали истите ќе значат и титула баш овој викенд, или продолжување на истата до следниот меч, тоа е сосема друг момент.
На третиот натпревар во истиот термин на „Петар Милошевски“ во Битола екипата на Пелистер ќе го дочека прежалениот Шкупи.






