Министерот Трипуновски во објава на Фејсбук сподели дека ги посетил лабораториите на Институтот во кои се врши анализа на почва и производи од тутун.

Според Трипуновски, се очекува производство на расад за садење на 12 хектари тутун, наменет за производство на сертифициран семенски материјал.
„Со добивање на квалитетен семенски материјал се инвестира во квалитетно производство на тутун. Продолжуваме со инвестиции во науката и во развојот на домашното земјоделско производство“, напиша во објава на Фејсбук Трипуновски.






