„Во периодот јануари-април на овој премин се регистрирани 14.918 патници што е за 1% повеќе споредено со истиот период лани, кога минале 14.708 патници. Овој премин е од локален карактер, што подразбира дека право да го користат имаат само жителите од граничниот регион, на двете држави“, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Најголем проток е забележан во месец јануари или 4.678, наспроти 4.067 патници во јануари минатата година, потоа во март 3.880 (3.896), февруари 3.183 (2.910) и април 3.177 (3.835) патници.
Бидејќи е од локален карактер, тој во летниот период, односно од први април до 31 октомври, работи од 8 до 20 часот, додека од 1 ноември до 31 март, од 8 до 18 часот.
Преку преминот може да минуваат жителите од подрачјето на општина Дебар и од областа Голо Брдо, од албанска страна. Од вкупната бројка над 80 отсто се странски државјани – жители од Голо Брдо.
Поради близината на Дебар и подобрата патна инфраструктура, жителите од оваа област патуваат во Дебар за набавка на прехранбени и други производи, гориво, за добивање одредена здравствена услуга, но и потребни лекарства.






