сабота, 9 мај 2026

Дрога и оружје пронајдени при претреси во Гостивар, приведени три лица

Три лица се лишени од слобода во полициска акција спроведена вчера во Гостивар и гостиварско, при што биле пронајдени дрога, оружје и други предмети поврзани со кривични дела.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од полицијата, на 8 мај во периодот од 14:30 до 19 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар ги привеле Е.А.(24) и Д.Ш.(24) во Гостивар, како и Л.Г.(20) во селото Долна Бањица.

При преглед кај Е.А. биле пронајдени и одземени мобилен телефон и предмети со остатоци од наркотична дрога.

Со судска наредба бил извршен претрес во домот и помошните простории кај Д.Ш., при што полицијата пронашла повеќе пакувања со марихуана, дигитална вага и пари во различни валути и апоени.

Претрес бил извршен и во домот на Л.Г. во Долна Бањица, каде што биле пронајдени ќеса со марихуана и малокалибарска пушка со рамка од четири куршуми.

Тројцата се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ