сабота, 9 мај 2026

Малолетник тепан во Аеродром, случајот е пријавен во полиција

Тринаесетгодишно момче било физички нападнато од друг малолетник во скопската населба Аеродром, информираат од полицијата.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавата, на 8 мај во 20:20 часот во СВР Скопје, С.С.(47) од Скопје пријавил дека околу 18:40 часот на подрачјето на општина Аеродром, неговиот 13-годишен син бил физички нападнат од малолетник кого го познавал.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, а по негово целосно документирање ќе следува соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ