сабота, 9 мај 2026

Канаѓаните ќе го урнат училиштето каде што се случи масакрот

Училиштето во канадското гратче Тамблер Риџ, каде се случи едно од најсмртоносните масовни пукања во историјата на земјата во февруари, ќе биде срушено, објавија властите на Британска Колумбија.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката за уривање на средното училиште е донесена откако училишниот одбор се сретна со жртвите, членовите на семејствата и локалната заедница, изјави премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Еби.

„Сакаме да бидеме сигурни дека го правиме вистинското за преживеаните, за семејствата и за луѓето од Тамблер Риџ. Училишниот одбор слушна многу јасна порака дека учениците, наставниците, персоналот и другите сакаат нова локација“, рече Еби.

Девет лица беа убиени, а десетици повредени откако вооружен напаѓач, трансродовото лице Џеси Ван Рутселар отвори оган за време на настава во февруари. Вооружениот напаѓач подоцна беше пронајден мртов од самонанесени рани. Полицијата пронајде шест мртви лица во училиштето по нападот, додека уште две жртви беа пронајдени во куќа поврзана со вооружениот напаѓач.

Масакрот длабоко ја потресе Канада, а неколку дена по трагедијата, Еби ѝ вети на заедницата на комеморативната служба дека младите од Тамблер Риџ никогаш нема да мора да се вратат во училишната зграда каде што се случи нападот.

„Ќе ви осигураме безбедно место за учење“, рече тој на настан на кој присуствуваа политички лидери од целата земја. Училиштето ќе биде срушено за време на летото, а ново ќе биде изградено на друга локација во тој оддалечен планински град.

Средното училиште Тамблер Риџ останува затворено од пукањето, но некои ученици посетуваат настава во привремени монтажни училници поставени на училишниот двор. „Како покраинска влада, ние сме посветени на изградба на ново училиште што е можно побрзо“, рече Еби, додавајќи дека федералната влада, исто така, ќе помогне во финансирањето на проектот.

„Кога премиерот беше во Тамблер Риџ со мене и градоначалникот, тој вети дека федералната влада ќе биде вклучена во овој проект, а сега и го потврдија тоа“, нагласи тој.

Еби рече дека заедницата покажала „херојство“, „храброст“ и „отпорност“ во последните месеци по незамисливата трагедија што го погоди рударскиот град. „Ќе работиме на тоа децата од Тамблер Риџ да имаат безбедно и удобно место за враќање на училиште“, истакна тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ