недела, 7 декември 2025

Маск најави лансирање на Грокипедија, конкурент на Википедија

Илон Маск, основачот на компанијата иксАИ и сопственик на социјалната мрежа Икс, најави лансирање на нова интернет енциклопедија наречена Грокипедија, која треба да биде конкурент на Википедија.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Како што истакна, Грокипедија ќе се потпира на вештачката интелигенција и ќе нуди „поточни, непристрасни и целосни информации“.

Маск ја објави веста на 30 септември на мрежата Икс, велејќи дека неговиот систем за вештачка интелигенција Грок ќе ја анализира постојната содржина од интернет – вклучувајќи ги и страниците на Википедија – за да открие неточности, пропусти на контекстот и можна пристрасност, а потоа да генерира подобрени верзии на текстовите.

„Грок може да прочита страница, да идентификува што е точно, што е делумно точно и што е неточно, а потоа да напише нова верзија со корекции и дополнителен контекст“, рече Маск.

Грок, четбот развиен од иксАИ, беше обучен на огромни збирки податоци од интернет, вклучувајќи ги и објавите на корисниците на мрежата Икс. Тој веќе функционира како одговор на услуги како ЧетГПТ, а Грокипедија, според најавите на Маск, ќе биде негова проширена апликација во доменот на знаење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ