среда, 25 јуни 2025

Во Холандија, граѓаните сами вршат гранична контрола на возилата за мигранти (ФОТО)

Во услови на жестока дебата за политиката за азил во Холандија, граѓаните организираа проверки на возила на германската граница, дури и кога владата предупреди дека тоа е нелегално.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Завчера вечерта, луѓе опремени со елеци со голема видливост и светилки запираа автомобили на федералниот автопат што води од Харен во Долна Саксонија до централниот прифатен центар за бегалци во Тер Апел во Холандија. Ова го објавија медиумите, од кои некои објавија и видео снимки од проверките.

Холандската влада падна пред една недела поради несогласувања околу построгата политика за азил. Вршителот на должноста министер за миграција, Дејвид ван Вил, вчера вечерта ја повика јавноста да не го зема законот во свои раце. „Приливот на баратели на азил мора да се намали. Затоа се залагаме за построги закони за азил и подобри гранични контроли“, рече тој.

„Фрустрацијата е разбирлива, но не го земајте законот во свои раце. Полицијата и граничната полиција нека си ја вршат својата работа. Почитувајте го законот“, повика Ван Вил.

Сепак, десничарскиот популист Герт Вилдерс ја опиша иницијативата како фантастична. „Ова треба да се случува насекаде долж границата“, рече тој. „Доколку премиерот не ја распореди веднаш војската за спроведување гранични проверки, ние треба сами да го направиме тоа“, додаде тој. Вилдерс рече дека со задоволство би учествувал во следните гранични проверки организирани од граѓаните.

Минатата недела тој објави дека неговата партија, најголемата во холандската коалиција од четири партии, се повлекува од коалицијата, што доведе до нејзин распад. Тој ја објасни оваа одлука со неподготвеноста на другите коалициски партнери да ги исполнат неговите барања за построг став во врска со политиката за азил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ