среда, 22 април 2026

Животниот век на Американците падна најмногу од Втората светска војна

Објавено на

часот

Сподели

Податоците на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) покажаа дека просечниот животен век на Американците минатата година паднал од 78,8 години на 77,3, пренесуваат агенциите.

Падот од 2020 година е најголемиот годишен пад од Втората светска војна.

Како главен виновник за падот истражувачите ја сметаат пандемијата на ковид-19, како и рекордно високата смртност од дрогите.

Податоците пристигнаа среде повторниот раст на заразените со ковид-19 во земјата. Во пораст е и бројот на хоспитализираните, а дневниот број на смртни случаи е речиси 50 отсто повисок од минатата недела. Од почетокот на пандемијата умреа повеќе од 600 илјади Американци.

Извештајот на Националниот центар за здравствени статистики на ЦДЦ покажа дека просечната возраст од 77,3 години е најниска од 2003 година.

Властите минатата недела објавија дека смртноста од предозирање пораснала за речиси 30 отсто во 2020, достигнувајќи ја рекордната бројка од над 93.000 лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ