„На Европа ѝ е потребен сопствен систем за балистичка ракетна одбрана за да се стави крај на оваа војна. А помошта од Соединетите Американски Држави е неопходна за снабдување со противвоздушни системи „патриот“. Сметаме на поддршката од нашите партнери и на ефикасни одговори на денешните напади“, напиша Зеленски на Телеграм.
Украинскиот претседател рече дека нападите ќе продолжат доколку Украина не биде заштитена од балистички ракети и други напади.
Според најновите податоци, во руските воздушни напади загинале 18 лица.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека во главниот град на Украина загинале шест лица, а 66 се повредени.
Во источниот индустриски град Дњепар загинаа 12 лица, вклучувајќи две деца, соопшти регионалниот гувернер Олександр Ханжа на Телеграм, додавајќи дека спасувачките операции продолжуваат.






