сабота, 18 април 2026

Западниот Балкан од денес без роаминг

Објавено на

часот

Сподели

Укинувањето на роамингот е дел од договорот во кој се вклучени Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Косово и Србија.

Регионалниот договор за роамингот е потпишан во април 2019 година во Белград на вториот Дигитален самит на Западниот Балкан.

Во првата фаза на примената на Регионалниот договор цените на роамингот беа намалени меѓу 83 и 96 отсто на целиот Западен Балкан, а од денес, кога договорот целосно стапува на сила, роаминг не се наплаќа.

Претворањето на Западниот Балкан во зона без роаминг ќе биде свечено одбележено вечерва со концерт на Преспанското Езеро на кој ќе настапат музичари од целиот регион, во организација на Советот за регионална соработка и со поддршка од македонската влада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ