Реафирмирајќи го ставот дека регионалната соработка е особено важна за помалите земји, Сиљановска Давкова истакнала дека од Грција очекува да биде меѓу најсилните поддржувачи на патот на македонските ЕУ интеграции.
„Според мене, со влезот на земјата и на целиот регион во Унијата, ефективно ќе се затвори постојниот геостратешки јаз, а со тоа ќе се постигнат повеќекратни ефекти во Југоисточна Европа, од трговијата и инвестициите до енергетската поврзаност. Во однос на македонско-грчките односи, со амбасадорката сметаме дека е потребен нов поттик за да се продлабочат и прошират во повеќе области“, се вели во објавата на претседателката.

За мене, како што посочува Сиљановска Давкова, културата е најдобриот лакмус за македонско-грчките односи.
„Доказ за тоа се заедничката изведба на монументалното дело ‘Кармина Бурана’ од страна на македонската, бугарската и грчката филхармонија, во јуни годинава, како и изведбата на ‘Митот за Амазонките’ во рамките на фестивалот ‘Охридско лето’ “, нагласува во објавата претседателката Сиљановска Давкова.





