сабота, 18 јули 2026

Муцунски – Ландау: Усогласени позиции за широк спектар политички, економски и безбедносни прашања

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска преку Фејсбук информираше за остварена средба со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау, во рамки на работната посета на Вашингтон.

Објавено на

часот

Сподели

„Нашите две земји имаат блиски и усогласени позиции за широк спектар политички, економски и безбедносни прашања. Во отворен, пријателски и содржаен разговор ја потврдивме заедничката определба за натамошно зајакнување на стратешкото партнерство и билатералната соработка, во интерес на граѓаните на двете земји“,  соопшти Муцунски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ