сабота, 18 јули 2026

Пронајдени дрога и ножеви, приведени 4 лица при полициска контрола во Тетово

Дрога и ладно оружје се пронајдени во угостителски објекти на територија на Тетово. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека приведени се четири лица.

Објавено на

часот

Сподели

„На 17/18.07.2026 во период од 23:30 до 02:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на територија на СВР Тетово, при што се пронајдени ножеви и дрога, а приведени се четири лица. При вршење на контрола во угостителски објект во Тетово, при преглед во задната страна од објектот, пронајдени се две кесиња со бела прашкаста материја. При контролата на други објекти, приведени се А.А. (23) од с. Ново Село, затоа што ги омаловажувал полициските службеници, а Е.Р. (29) од с.Камењане, С.А. (24) од Гостивар и С.Ј.(59) од с.Голема Речица се приведени затоа што кај нив се пронајдени ножеви“, соопшти МВР.

По целосно документирање на случаите, се најавуваат соодветни пријави.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ