Во изјава за медиумите, авторот Мицевски посочи дека со изложбата ги истражува новите тенденции за рециклирање или трансформација на производи од текстил, а со цел ако што рече, да им дадеме нов живот, нова употребна вредност или уметничка вредност.

„Делата се поделени во неколку фази, има неколку таписерии, материјали со кои најмногу сум се среќавал во театарот, но и со традиционална облека ,за што сум благодарен на режисерот Владо Цветановски со кого сум направил многу претстави во кои фолклорот и традицијата беа во основата на тоа што го работевме. Со изложбата потсетувам на некои традиционални начини кои потсетуваат на чергите, милиња, везени и платнени материјали за кои е вложен голем труд и кои не треба да се кријат, туку напротив со нив да се гордееме. Најголем дел од материјалите се домашни, има и од театарот и со цел да добијат нова вредност. Мислам дека во иднина со учениците од средното текстилно училиште и со локални уметници ќе направиме поголема изложба, посочи Мицевски и додаде дека предметите и изложеното немаат поединечни наслови затоа што сè што правиме е наш автопортрет или автобиографија и во таа смисла може да се толкува оваа изложба“, нагласи Мицевски, костимограф и автор на изложбата.
Изложбата за отворена ја прогласи Наде Геневска Брачиќ, кустос во НУ Завод и Музеј Битола.





