среда, 22 април 2026

Вучиќ за идејата за „српски свет“: Границите на Србија се неповредливи, а туѓите не нè интересираат

Објавено на

часот

Сподели

Вулин претходно кажа дека „српскиот свет“ го гледа како еден „политички и државен простор“ кој треба да се оствари „апсолутно мирно, без испукан куршум“, и дека не знае колку време ќе треба за обединување на сите Срби во една држава, но дека предуслов е креирањето политичко единство „во политичка смисла“ и Србите да се обединат и да ги почитуваат одлуките на Белград.

Властите на Босна и Херцеговина го повикаа Вучиќ да се огради од изјавите на Вулин, Приштина смета дека тие пораки „ја отсликуваат политиката на официјален Белград“, додека од Црна Гора стигна поддршка од просрпската партија Демократски фронт.

Коментирајќи ги критиките упатени до Вулин од земјите од регионот Вучиќ оцени дека „не станува збор за хајка на Вулин“ туку против него и Србија.

„Секој пат велат „тоа се Вучиќ и Србија“ бидејќи мораат во Србија да најдат виновник за сè. Затоа е важно луѓето да знаат што е официјалната политика на Србија – дека границите се неповредливи, а туѓите граници не нè интересираат. Мораме да ги чуваме своите и на јасен и недвосмислен начин да покажеме што е нашата политика“, кажа Вучиќ.

На прашањето како ги коментира тврдењата дека изјавите на Вулин носат фашистички пораки, Вучиќ потсети дека тоа биле оценки на партиски собир и дека во коментарите на тие оценки „од Србите лесно се прават фашисти, а од сите други пријатели“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ