Тој третата доза вакцина ја прими на вакциналниот пункт на Белградскиот саем, а и за „бустер“ доза одбра да ја прими кинеската вакцина Синофарм.
Откако ја прими вакцината, им се обрати на медиумите.
Тој уште еднаш им се заблагодари на сите медицински работници кои учествуваат во оваа голема и тешка работа.
„Ова трае веќе една година, зборувам за вакцинацијата, никој не ги прашува тие луѓе кои го поднесоа најголемиот товар“.
[video:https://youtu.be/Gd9MPRU-J54 autoplay:0]Додаде дека премногу се верувало во совеста на граѓаните.
„Можевме тоа да го решиме, а да не биде спротивно на уставот. Вакцинираните да се лекуваат бесплатно, а невакцинираните да се лекуваат бесплатно но во висина на платеното осигурување“, наведе Вучиќ.
Тој ги повика и замоли сите граѓани на Србија да се вакцинираат.
„Не го почувствував ни убодот на иглата овој трет пат. Јас само еднаш проверував антитела, но одев на настани каде ме дочекуваа 6 или 7 илјади луѓе и не се заразив. И да се заразев, сосема сигурно е дека би преживеал“, кажа српскиот претседател.






