„Ердоган е голем политичар, реално, и Турција е голема сила. Ќе се обидам да разговарам со него. До 1 септември, според Вашингтонскиот договор, двете страни имаат обврска да нема лобирања за признавање ниту за отпризнавање“, кажа Вучиќ.
„Ако од 1 септември, до кога важи договорот, почнат, ни останува да се браниме“, додаде српскиот претседател.
„Турција е голема сила, Ердоган е голем лидер, јас сум мал и занемарлив и Србија е помалку значајна, но не е толку мала за да не се обиде да се спротивстави, бидејќи го штитиме своето. Косово не е турско и не ѝ припаѓало на Турција и нема. Ни останува да се браниме“, кажа Вучиќ.
Додаде дека верува дека Ердоган ќе го ублажи својот став, но ако не го ублажи, Србија ќе се бори.
„Ние немаме алтернатива. Ќе го штитиме народот на Косово и Метохија, но ќе го видите и тоа дека ни ние не сме толку мали“, кажа Вучиќ.






