понеделник, 11 мај 2026

Вооружен напад во Ница, двајца убиени, тројца повредени, вооружениот напаѓач во бегство (ВИДЕО)

Две лица се убиени, а тројца повредени во населба во Ница, јужна Франција, соопштија локалните власти, според локалните медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тензиите во Ница се високи веќе неколку дена, со серија пукања и инциденти во неколку населби во градот поврзано со трговија со дрога.

Градоначалникот на Ница Ерик Сиоти, изјави дека едно лице „отворило оган со калашников“, објави Ле Паризиен.

Сиоти го опиша инцидентот како „уште едно застрашувачко пукање“ и предупреди дека „војната против трговците со дрога не смее да заврши со пораз на Републиката“.

Тој повика на итно засилување на полициските сили, велејќи дека градот со години страда од недостаток на безбедносен персонал.

Државниот обвинител од Ница, Дамиен Мартинели, откри како се одвивал нападот. Според него, напаѓачот бил донесен на местото на настанот со автомобил, потоа се приближил до местото на нападот со тротинет и отворил оган. Потоа избегал по истата рута, каде повторно го пречекало возило со кое го напуштил местото на настанот. Жртвите се на возраст меѓу 23 и 57 години.

Мулен, населба со 8.000 жители во близина на автопатот на влезот во градот каде што се случи инцидентот, е изолирана и редовно обележана со насилство поради контролата над местата за продажба на дрога.

Населбата веќе има неколку смртни случаи во последните години.

Во јули 2024 година, седум члена на исто семејство, вклучувајќи три деца и еден тинејџер, загинаа во подметнат пожар на вториот кат од станбена зграда во инцидент поврзан со трговија со дрога, јавија француските медиуми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ