недела, 3 мај 2026

Вонредна состојба во Калифорнија поради огромна суша: „Не било вака скоро 100 години“

Објавено на

часот

Сподели

Гувернерот Гавин Њусом прогласи вонредна состојба поради суша низ целата држава, откако претходно тоа го прогласи со осум окрузи.

„Бидејќи западните САД се соочуваат со потенцијална трета сушна година, клучно е граѓаните на Калифорнија да ги удвојат напорите да заштедиме вода на сите можни начини“, рече гувернерот во изјавата.

Претходната прогласување вонредна состојба сега е проширено на окрузите Империјал, Лос Анџелес, Оринџ, Риверсајд, Сан Бернардино, Сан Диего, Сан Франциско и Вентура, се вели во соопштението на Канцеларијата на гувернерот.

Прогласувањето вонредна состојба поради суша во целата држава ќе му овозможи на гувернерот да помогне во финансирањето на одговорот на сушата и снабдувањето со вода.

Калифорнија помина исклучително тешка година, погодена од високи температури, со многу мали количини на врнежи. Овие фактори, во комбинација со тековната криза на климатските промени, придонесoa за разорна сезона на пожари, која не престанува со месеци.

Оваа суша е најголема од 1800-тите години, земајќи го предвид недостатокот на врнежи и високите температури, додаде Кабинетот на гувернерот.

„Хидролошката година 2021“, која се смета од 1 октомври 2020 година до 30 септември 2021 година, беше втора најсушна во Калифорнија. Полоша била само 1924 година, според извештајот на државниот Оддел за водни ресурси.

„Сливот на реката Колорадо, важен извор за снабдување со вода за јужна Калифорнија, продолжи да се суши во Хидролошката година 2021, а нивото на водата во езерата Мид и Пауел достигна нови рекордни ниски вредности“, се вели во извештајот.

Езерата Пауел и Мид, најголемите резервоари за вода во таа држава, годинава се испразниле со алармантна брзина.

Овие две езера се клучни за напојување на сливот на реката Колорадо, бидејќи обезбедуваат вода за пиење и наводнување за многу делови од регионот, вклучително и рурални имоти, ранчови и домородни заедници.

Кон крајот на јули, езерото Пауел паднало на приближно 33 проценти од капацитетот, се вели во извештајот на Канцеларијата за мелиорација. Последниот пат најнизок бил во 2005 година.

Огромната суша е најплодно тло за пожари, а оваа година во Калифорнија се забележани повеќе од осум илјади интервенции за гаснење пожар. Според податоците на пожарникарите во Калифорнија, досега се изгорени повеќе од два милиони хектари.

Во моментов пожарникарите се борат со дури осум големи пожари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ