Според правилата објавени денеска, компаниите што нема да ги почитуваат тие прописи се соочуваат со казна од 14.000 долари по прекршок.
Со новата регулатива ќе бидат опфатени околу 84 милиони работници во средните и големите компании.
Не се знае колку меѓу нив се невакцинирани.
За околу 17 милиони вработени во домовите за стари лица ќе важат построги правила. Тие нема да имаат можност за тестирање еднаш неделно, туку ќе мора да се вакцинираат.
Засега не е јасно како властите планираат да ги спроведат новите прописи.
Прекршувањето на преземените мерки може да резултира со парична казна од 14.000 долари, а таа сума се зголемува со последователни прекршувања, објаснија владините претставници.
Тие, сепак, не кажаа дали работниците ќе бидат отпуштени ако не се вакцинираат или ако одбијат редовно неделно тестирање.
Од вирусот САРС-КоВ-2 досега починаа повеќе од 745.000 Американци.






