Претставничкиот дом на Конгресот доцна синоќа го усвои предлог-законот со 415 гласа за и 14 против, а Сенатот тоа го направи едногласно.
Барања тој ден да биде прогласен за празник имаше и претходно, но тие станаа почести по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен на 25 мај 2020 година од бел полицаец.
„Датумот 19 јуни нè потсетува на историјата извалкана од бруталност и неправда, но исто така и на одговорноста што мора да ја имаме за да имаме иднина на напредок почитувајќи ја еднаквоста“, рече претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси.
Американскиот претседател Џозеф Бајден треба да го потпише новиот закон.






