Од почетокот на пандемијата во Русија умреа вкупно 135.886 луѓе, наведува агенцијата ТАСС.
Потврдени се најмногу нови случаи на инфекција од 17 јануари – 23.543. Од почетокот на пандемијата на коронавирусот во Русија се регистрирани 5.538.142 случаи на зараза.
Бројот на таканаречени активни случаи, односно пациенти кои се на лекување, се зголеми на 384.935, што е најмногу од 17 февруари.






