Градските вработени ќе добијат 500 долари за примената прва доза вакцина на место за вакцинирање под контрола на градот до 17 часот во петок, 29 октомври. Потоа вработените ќе мора да имаат барем една доза вакцина и да му покажат на надзорот доказ за вакцинирањето, порача Де Бласио во соопштение.
„Нема поголема привилегија од служењето на граѓаните на Њујорк, а таа привилегија доаѓа со одговорност да се заштитите себеси и својата заедница“, кажа тој.
Таа мерка во најбројниот американски град се воведува додека бројни други општини, школски окрузи и други власти низ земјата се борат со барањата за носење маски и вакцинирање во период кога бројот на заразените се намалува.
Барем една доза вакцина примиле 71 отсто од сите 160.000 вработени во Њујорк. Од септември вакцинирањето е задолжително за вработени на градското министерство за образование и на њујоршката агенција за здравство и болници, а меѓу нив вакцинирани се најмалку 95 отсто од вработените, кажа Де Бласио.






