Вирусите се различни од сите досега познати на научниците, покажува студијата објавена претходно неделава во магазинот Мајкробиом.
Тимот во кој имало научници кои се бават со климата и микробиолози од Државниот универзитет на Охајо земал два примероци од мразот од врвот на ледената покривка Гулја во западна Кина во 2015 година.
Тие земале примероци од врв на 6.710 метри надморска висина и на Тибетската висорамнина (6.200 метри).
Нашле 33 вируси од кои најмалку 28 се непознати за науката и преживеале бидејќи биле смрзнати.
Вирусите се прилагодиле на екстремните услови, а не се штетни за луѓето, кажале научниците за Си-ен-ен.
Во мразот се таложи содржина од атмосферата низ времето, вклучувајќи ги вирусите. „Мразот е смрзната архива“, кажал коавторот на студијата Лони Томсон, професор на универзитетот Охајо и истражувач во универзитетскиот центар Бирд полар рисрч.
Релативно малку се знае за вирусите во глечерите, но во таа област расте важноста бидејќи глечерите низ планетата се топат поради климатските промени.
„Тоа навистина го плени вниманието на јавноста“, истакна Томсон, додавајќи дека пандемијата на ковид-19 ја подигнала свеста за важноста на изучувањето на вирусите.






