среда, 6 мај 2026

Во куќа кај Берлин најдени пет тела, меѓу кои и три деца (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Жртвите биле застрелани или избодени со нож.

Полицијата добила повик да дојде во куќа во предградието на местото Кенигс Вустерхаузен, откако едно лице ги видело телата, се вели во соопштението на полицијата и обвинителството.

Пронајдени се телата на двајца возрасни на возраст од 40 години и деца на возраст од четири, осум и 10 години.

Преживеало мало кученце. Соседите повикале полиција бидејќи на нивната улица станало многу тивко, родителите не го прошетале кучето, а девојчињата не си играле надвор како и обично.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=mA3kfA32TpE autoplay:0]
Членовите на семејството, наводно, се мртви со денови, а еден од соседите рекол дека мисли дека неодамна слушнал истрел.
 
Двајцата родители биле учители, а се вели дека семејството било ставено во карантин поради инфекција со коронавирусот.

Полицијата покрена истрага за убиствата и не соопштува повеќе детали.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ